Кога сте во лошо расположение, најчесто посегнувате по брза и калорична храна. Но, постои начин како да се изборите и да му одолеете на искушението. Размислувајте за иднината, мислете на убави нешта…
Направени се бројни истражувања кои покажуваат што и како влијае на изборот на храна. Доброто расположение стимулира консумирање на здрава и нискокалорична храна. Лошото расположение ги наведува луѓето почестода консумираат брза и висококалорична храна.
Размислувањето за иднината исто така резултира со избор на поздрава храна, додека фокусирањето на сегашноста ги терало учесниците да избираат помалку здрава храна. Во последните два примера не е земнено во предвид расположението на луѓето.
Која е причината? Кога се фокусирате на иднината поголема е веројатноста да ги разгледувате идните бенефити на она што го јадете. Додека размислувате за сегашноста полесно е да се фатите во стапица на тоа колку е вкусно она што го јадете и да заборавите како тоа може да влијае на вашето здравје и благосостоба.
Запамтете – следниот пат кога ќе посегнете по парче торта помислете си на утре, можеби ќе ви помогне да ја задоволите потребата за благо со чашка овошен јогуртили некое овошје.

You must be logged in to post a comment Login