Ние жените, сите сме добри домаќинки, нели? Но овие трикови во кујната дефинитивно добро ќе и дојдат на секоја домаќинка. Се што ќе ни ја олесни работата е добредојдено.
- Остранете ги дамките на рацете од овошје или зеленчук ( како на пример, цвекло) со помош на свеж излупен компир, или пак бел оцет.
- Избегнувајте да ги сместувате цитрусните овошја или доматите во фрижидер, ниската температура ја намалува аромата и вкусот на овие овошја.
- За да ги отстраните наслагите од бигор од металните садови, зовријте во нив микс – половина вода, половина оцет, и потоа измијте го садот.
- За да го спречите млекото пребрзо да ви се расипе, ставете многу малку сол во целото млеко веднаш штом ќе го отворите.
- Кога ги кревате пластичните садови, ставете малку сол, тоа ќе ги спречи да добијат миризба.
- Кога готвите супа, сос или пак некоја домашна манџа , која има повеќе масло, за да го отстраните, ставете една коцка мраз. Коцката ќе ја привлече маснотијата, па лесно ќе можете да ја отстраните.
- Доколку ви остане вино кое не можете да го оскористите ( или испиете), замрзнете го. Подоцна можете да го искористите во сосови или рижото, на пример.
- Не фрлајте ја водата во која ги варите компирите или пастата. Зачувајте ја, оставете да се излади и подоцна потурете ја врз цвеќињата или домашните насади. Таа содржи многу важни нутриенти кои им помагаат на вашите растенија.
- Зачувајте ја марулата свежа, со тоа што ќе ја ставите во сува чиста хартија, и потоа во пластична кеса. Тоа ќе ја спречи да се расипе во вашиот фрижидер.
- Доколку случајно го посолите јадењето повеќе од потребно, доволно е да ставите во него еден излупен компир, тој ќе ја апсорбира солта.
- Ако лебот веќе поминал неколку дена во вашата кујна, само ставете свеж целер во кесата и повторно затворете ја. Тоа ќе спречи лебот да се расипе
- Доколку го изгорите оризот, ставете парче леб врз изгорениот дел, тој ќе го отстрани мирисот и вкусот на изгорено.
- Не ги чувајте бананите заедно на куп или во чинија со други овошја. Бананите испуштаат гасови кои прават остатокот од овошјето, вклучувајќи ги бананите, да созреат побрзо или да се расипат. Доколку се одвоени од другите овошја, ќе бидат свежи подолго.

You must be logged in to post a comment Login