Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

На иста адреса

Паркот на Шрек во Лондон

Студиото DearmWorks планира да отвори тематски парк инспириран од анимираниот серијал за зелениот џин, а исто така се шушка и дека ќе започне снимањето на петото продолжение.

Холивудското студио DreamWordk планира да се здружи заедно со британската компанија која е задолжена за лондонските атракции како што е познатата London Eye, со цел да направи тематски парк во престолнината.

Планирано е паркот да се отвори во 2015 година, а во него ќе се претстават сите четири продолженија од оваа анимирана сага за мрзоволниот зелен џин кој до сега има заработено 3.5 милијарди долари.

“Посетителите на паркот кој ќе се простира на повеќе од 20 илјади квадратни метри, ќе можат да го запознаат Шрек како и сите негови пријатели од мочуриштето. Покрај овие ликови во паркот ќе се најдат и ликовите од Мадагаска, Кинг Фу Панда и Како да го дресирате својот змеј“, изјави претставник од студиото.

Атракцијата ќе има одлична позиција, веднаш покрај London Eye и лондонскиот аквариум.

Ова ќе биде прв од вкупно планираните шест тематски паркови. Останатите пет е планирано да се завршат до 2023 година лоцирани на различни делови во светот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement