Вкупно време за подготовка: 35 минути / Порции: 6
- Сол и црн бибер
- 500 гр. макарони
- 60 тенко сечена пршута, се сече на ленти
- 1/4 чаша вински оцет
- 1 лажичка сенф
- 1/2 чаша ладно цедено маслиново масло
- 1 среден домат, исецкан
- 60 гр. козјо сирење
- 1/4 чаша маслинки, исечени
- 1/4 чаша сецкан свеж магдонос
ЧЕКОР 1
Во голем сад во жешка солена вода, се готват макароните до Ал денте(околу 8 минути). Во мала тава, се готви пршутата на средна температура се додека не стане крцкава.
ЧЕКОР 2
Со бавно мешање се прави смеса од оцет, сенф и маслиновото масло. Ги додаваме доматите, сирењето, пршутата и маслинките.
ЧЕКОР 3
Исцедете ги тестенините, додадете ги во садот со смесата и промешајте. Додадете магдонос, сол и бибер. Се оставаат да се изладат до собна температура, и се потоа сервираат.

You must be logged in to post a comment Login