Летот на ангелот го сигнализира отворањето на карневалот во Венеција. Венецијанците ги оживуваат старите традиции во бранови од боја и костими.
КАДЕШТО АНГЕЛИТЕ ЛЕТААТ
Започнува славењето: точно на пладне, ангелот Јулија Наси полетува од камбанаријата на плоштадот Свети Марко. Сината тоалета испреплетена со цвеќе светка на сонцето. Маженствениот ангел пак, и ги раширува рацете за да го прегрне Дуждот кој ја чека на сцената. Со извикување: “Летот на ангелот” започнува карневалот.
АНГЕЛИ, НЕ ГУЛАБИ
Во 1548 година, наводно турски акробат се качил на врвот на камбанаријата, а потоа почнал да фрла цвеќе над палатата на Дуждот. Оваа приказна за прв пат се реконструираше со хартиен гулаб. Во последниве 15 години, млади дами со одлични костими ја играат улогата на Ангелот.
ДВАНАЕСЕТ МЛАДИ ДАМИ
Во Кастело, еден од најтрадиционалните населби во Венеција, “Парадата за Богородица” почнува еден ден пред “Летот на Ангелот”. 12 млади дами во прекрасни фустани парадираат на улиците. Точно во 15:00 часот застануваат за да ја отпејат Венецијанската химна. Потоа, ги качуваат на столици и ги носат до плоштадот Свети Марко.
НАЈУБАВИТЕ МАСКИ НА ВЕНЕЦИЈАНСКИОТ КАРНЕВАЛ










You must be logged in to post a comment Login