Премногу шминка ве прави одбивни
Понекогаш толку многу се трудиме да изгледаме добро што дури и претеруваме. Ова се грешките кои жените најчесто ги прават, а кои најмногу ги одбиваат мажите:
Премногу парфем
Секако дека е пожелно да ставите парферм, но внимателно со количината. За најдобар ефект прснете се еднаш или двапати.
Премногу пудра
Со малку пудра ќе го поправите вашиот изглед, но ако ставите премногу, ќе постигнете токму спротивен ефект.
Лоши вештачки трепки
Добрите трепки можат да ве направат неодолива, но доколку штедите при нивното купување, многу лесно ќе изгледате смешно и неприродно.
Сува кожа
Редовно мачкајте ја вашата кожа за да таа изгледа здраво, сјајно и привлечно.
Жолти заби
Веројатно ни вам не ви се привлечни мажите со жолти заби, па така ниту на нив не им се допаѓаат жените кои го имаат истиот проблем. Купете паста за заби кои нежно ги избелува забите или користете некои слични препарати.
Леплив сјај
Имате многу видови сјај кои не оставаат ваков ефект, па затоа потрудете се и побарајте некои поприродни препарати.
Портокалов тен
Малку солариум или крем за самопотемнување нема да штети, но портокаловиот тен остава најчесто непријатен впечаток меѓу мажите.
Неонски, темен и маникир со украси
Ако вашите нокти се црни, светат во темно, премногу сјаат или на нив има разни украси, на мажите нема да им се допаднат. Со црвената или со светлите нијанси тешко дека ќе згрешите, па подобро играјте на сигурно.
Премногу лак за коса
Мажите главно сакаат едноставни и лежерни фризури. Премногу лак и крутата коса нема да остави впечаток каков што посакувате.

You must be logged in to post a comment Login