Холестеролот е најпознатата маснотија во организмот и присутен е во секоја жива ќелија. Разликуваме добар HDL холестерол од LDL лош холестерол, кој со зголемување на нивото во крвта може да предизвика болести на срцето и крвните садови. На лошите масти може да им се спротивставите со помош на паметен избор на намирници и секојдневно консумирање на истите, холестеролот го доведуваат во ред.
Грејпфрут е апсолутен победник кога станува збор за борбата против лошиот холестерол, бидејќи за разлика од високите нивоа на витамин Ц содржи и пектин, растворливи влакна кои го намалуваат холестеролот и ги заштитуваат крвните садови од затнувањето.
Добар избор е и целерот, чии две стебла дневно се доволни да се намали нивото на холестерол дури до пет пати. При тоа најважна е неговата улога во зголемување на излачувањето на жолчни киселини, со што се елиминираат и лошите масти.
Состојки:
– 1 грејпфрут
– 2 стебленца од целер
– китка магдонос
– ¼ лимон
– 3 парчиња ѓумбир
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете густ сок, барем еднаш во текот на денот напијте се чаша од овој свеж напиток кој ќе ги регулира мастите во организмот.
Совет: Подготвениот свеж сок најдобро е да се консумира пред ручек, што остава доволно време телото да ги апсорбира сите состојки и да го активира нивното делување.

You must be logged in to post a comment Login