Една од најголемите светски групи Iron Maiden доаѓа во Белград на 17 јуни и на Калемегдан ќе го одржи својот концерт под отворено небо.
Концертот е дел од големата светскa турнеја на овој бенд “Maiden England”.
“Maiden England” турнејата е базирана на турнејата “Seventh Son of the Seventh Son” од 1988 година, поради што и најголем дел од листата на песни ќе биде од периодот од осумдесетите години.
– Нормално, дека со нас носиме запрепастувачко осветлување, огромна бина и различни реквизити, пиротехника и сите оние ситници кои им се допаѓаат на нашите фанови. Единствено што овој пат ќе прославуваме бидејќи овој концерт е затварање на едно огромно поглавје и наша желба е да направиме концерт кој ќе биде за паметење – изјавија од бендот.
Менаџерот на групата Rod Smalvud изјави дека со оваа турнеја се затвара големиот проект кој веќе трае три години.
Специјален гостин на овој концерт, како предгрупа ќе биде познатиот шведски бенд “Chost”.

You must be logged in to post a comment Login