На сите жени не им одговараат ист облик на фармерки. Затоа, ако сакате вашиот задник да изгледа одлично во нив, најважно е да го пронајдете кројот кој ќе го истакне најдоброто, а ќе ги неутрализира недостатоците.
Рамен или мал задник
Во ваков случај одберете фармерки со поголеми задни џебови со преклоп и ситни детали на нив кои што ќе ви додадат волумен.
Голем задник
Вам ви одговараат што поедноставни фармерки со неутрални џебови без преклоп. Исто така одберете потемни бои, без избледувања.
Опуштен задник
Немојте да носите фармерки со детски облик, туку тесни модели од поцврст материјал кои малку ќе го подигнат и ќе го обликуваат вашиот задник. Џебовите не треба да се долги, туку подигнати и со неутрален облик.




You must be logged in to post a comment Login