Некои масти вашето тело ги сака и има потреба, но некои е подобро никогаш да не си ги приуштите…
Добри масти
Добрите масти се познати како незаситени и есенцијални масни киселини како омега -3 и омега 6. Храната која е богата со овие масти е риба, грашок, леќа, грав, ореви, бадеми, житарки, ореви, сончогледово масло, авокадо, семки, соја и маслиново масло.
Овие масти се добри и пожелни од причина што меките и флексибилни молекули поради кои телото лесно ги крши, односно ги раградува. Покрај тоа, на организмот му користати од број други причини, како на пр. помагаат во изградба на клетки и регенерација на оштетените ткива.
Лоши масти
Тие се познати како заситени масти и транс масти. Ги содржат бисквитите, колачите, пржената и печена храна, месните ореработки, путер, павлака, кокосово масло и палминото масло.
Молекулите на овие масти создаваат силна врска поради што организмот многу тешко ги разградува. Прекумерно консумирање на производи кои содржат лоши масти доведува до проблеми со циркулаторниот систем и секако, проблеми со претерана телесна тежина. Покрај тоа, со бројни транс масти кои се присутни во многу процесуирани намирници кои ги косумираме се поврзуваат со канцерогени ефекти.

You must be logged in to post a comment Login