Променливото време, ветрот, силното сонце… Постојат многу надворешни фактори кои влијаат на вашите усни и истите ги прават суви и испукани. Следете ги следните 7 совети и ќе бидете подготвени за бакнување.
1. Направете едноставен пилинг за усни
Измешајте 1 прстофат шеќер со малку маслиново масло и втријте ја оваа смеса на усните со мали, кружни движења, а потоа исплакнете. Практикувајте го овој третман за измазнување и хидратација двапати неделно.
2. Внимателно со средствата за чистење на лице
Она што е добро за вашата кожа може да влијае негативно и да ги исуши усните кои имаат многу малку лојни жлезди. Ако користите средство за миење на лице што содржи салицилна киселина или бензоил пероксид, прво нанесете лабело на вашите усни за да го избегнете сушењето.
3. Честа хидратација
Носете балсам за усни секогаш со себе. Нека ви биде секогаш при рака за да се сетите и почесто да го користите.
4. Внимателно со храната
Зачинетата или солена храна може да ги исуши и иритира вашите усни, па затоа ограничете го конзумирањето на ваквите јадења или нанесете лабело со неутрален вкус пред оброкот.
5. Покријте се
На ладно и ветровито време носете марама преку уста. Студените ветрови ја нарушуваат заштитната бариера на вашата кожа, а со тоа и усните се поподложни на сушење.
6. Промената е добра
Заменете го вашиот мат кармин со некоја покремаста варијанта. Овие производи се похидратантни и поголема е веројатноста дека нема да ги оближувате вашите усни (што е уште една причина за нивното сушење).
7. Не го заборавајте заштитниот фактор
Баш така. Вашите усни може да изгорат и по летото. Иако повеќето балсами за усни кои имаат заштитен фактор нема да ги хидратираат и да го спречат пукањето на усните, тие сепак ќе ви помогнат да ги избегнете изгорениците, што е неопходно за мек и мазен бакнеж.








You must be logged in to post a comment Login