Екс гитаристот John Frusciante на познатиот бенд Red Hot Chili Peppers конечно најави нов соло албум насловен како Enclosure, кој треба да излезе на 08 Април.
Според првите коментари и најави Enclosure ќе биде поразличен албум од неговите претходни соло проекти. Овде ќе преовладуваат повеќе перкуси и експанзивни ефекти. Иако е присутен тој негов печат на неодоливо соло на гитара најавата е дека можеби досегашните фанови ќе почувствуваат недостаток од истото на овој албум, особено ако се спореди со неговото влијание кое го остави со соработката со Chili Pepper . Сепак во сите 9 нумери препознатливата гитара на Фрушанте зема улога како осцилирачко возило кое ја носи неговата музика во нови хоризонти.


You must be logged in to post a comment Login