Важно е да ги согоруваме калориите кои ги внесуваме во текот на денот. А како ќе го направиме тоа, зависи само од нас. Со користење на овие секојдневни работи ќе изгубите и до 100 калории.
Не се губат калории само со вежбање. Постојат многу поедноставни начини ако немате време за вежбање.

1. Во устата направете балон од мастика
Почнете да ја џвакате мастиката и правете балони во устата. Покрај тоа што ќе ви го озвежи здивот, со џвакањето на секои 12 минути ќе губите по 11 калории.
2. Прошетајте пред појадок
Наутро, откако ќе се напиете кафе и истуширате, прошетајте до најблискиот парк. Ќе го подобрите метаболизмот и ќе согорувате калории кои ви останале од претходниот ден. Дваесет минути прошетка со умерена брзина може да ве ослободи од 100 калории.

3. Возете велосипед
Секогаш кога имате слободно време, возете се со велосипед. Дури и ако восите полека, за 15 минути може да изгубите 102 калории.
4. Играјте билијард
Одете со партнерот или со друштво на билијард. За 35 минути може да изгубите 99 калории, доволно да смеете себе си да си дозволите уште еден пијалок.

5. Качувајте се по скали
Наместо да губите време на чекање лифт, бидете малку активни. Со качување по скали, на секоја минута губите 7 до 10 калории, а со симннување три пати помалку.
Одете на куглање
Кугланата е совршено место за забава со друштвото и со тоа можете да изгубите 102 калории за половина час.

6.
7. Смејте се
Смеењето е добро за здравјето. Според студијата спроведена на Универзитетот Вандербилт, смеејќи се согоруваме 1,3 калории на секоја минута.
8. Играјте фризби
Можеби на плажа сте дојдени да се одморите, да лежите и да читате книга, но кога очите ќе ви се уморат, фрлете се на фризби. За 30 минути може да согорите 102 калории.

9. Пуштете музика
Пиштете музика и играјте. Тоа може да го правите и додека ја чистите куќата, но и онака, кога ќе ви падне на памет.
10. Одете на нуркање
Нуркањето е интересно, а за само 20 минути нуркање ќе согорите 113 калории.

You must be logged in to post a comment Login