Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Прочитејте го карактерот на вашето лице

Нучниците велат, на лицето постојат околу сто точки ко помагаат во анализа на основинте црти на карактерот, а тука ќе прочитате само неколку од нив. Проучете, па проверете.

Приказната за обидот да го раберете карактерот на личноста, трае со векови.

Дури и древните Кинези верувале дека лицето е одраз на духот.

Во Европа, убавината се смета за доблест, а грдоста е знак на злото.

Облик на лицето

Луѓето кои имаат тркалезно лице се сметаат за исклучително грижливи, чувствителни и емоционални. Имаат тенденција за сексуални фантазии и знаат да уживаат стабилни, долготрајни врски.

Луѓето со издолжена форма на лицето се практични и методични воркохоличари. Најчесто се мускулести и спортски градени, помалку самобендисани, па поради своето его имаат проблеми во врските.

Коцкасто лице се врзува со оган и таквите лишности се често агресивни, амбициозни или склони да наредуваат. Одлучни се и имаат остар, аналитички ум.

Триаголно лице е поврзано со витко тело и интелектуална супериорност. Кинеските толкувачи на лица го поврзуваат овој облик со креативност, чуствителност и енергичен темперамент.

Очи

Изразени очи со јасни искри се во предност пред ситните очи кои сугерираат мистериозна природа.

Мирни очи, кои за време на разговорот концентрирано посматраат, се сигнал на цврст, стабилен и постојан карактер.

Погледот кој лута, означува немирен карактер и недоследност во навиките.

Нерамномерно поставени очи сигнализираат дека личноста е способна да ги види работите од друга перспектива и дека е предиспонирана за анализа на појавите.

Бојата на очите исто така користи за проценка на карактерот.

Темно сина боја значи дека сте сензуална личност, отворена, но сепак нежно и осетливо битие. Светло сините очи кажуваат дека уживате во флертувањето со спротивниот пол.

Темно зелените очи означуваат енергија и инвентивност. Ќе ви треба многу време да ја сфатите спонтаноста и луцидноста на умот на овие личности. Во нивно друштво ќе мора да ги изострите своите интелектуални вештини.

Чоколадно кафени очи откриваат страствени карактеристики кои сакаат друштвен живот. Страста кај нив е поврзана со посветеност и лојалност, таквата личност напорно работи за да осигура удобност во своето семејство.

Кфени очи обично укажуваат нна дарежливост.

Сиви очи имаат високо ниво на интелегенција и имагинација, но страста кај овие луѓе е прилично потисната, бидејќи се склони на расудување.

Црните очи се незаборавни. Тие ги поседуваат доминантни личности кои својата цел не секогаш можат да ја постигнат на најдобар начин.

Веѓи

Веѓите зборуваат за репутација, слава и темперамент.

Силни веѓи укажуваат на силни и наметливи луѓе, кои се вешти во работата.

Тенки веѓи укажуваат на неодлучни личности.

Ниски веѓи откриваат импулсивен темперамент, додека високите зборуваат за претпазлив став при донесување на одлука.

Рамни веѓи се знак за личности со високи естетски критериуми и осетлив темперамент.

Усни

Преку обликот на усните се проценува сензуалност, апетит за храна и за секс и комуникативноста на личноста.

Тенка горна усна и полна долна укажуваат на некој кој неможе да ја возврати љубовта со иста мера. Спротивен облик сугерира на личносткоја може да даде премногу.

Полни округли усни се знак за хедонистички, грижливи и осетливи луѓе, додека тенките усни се индикатор за себичност.

Брчки

За брчките околу очите се вели дека се линии на радоста. Тие се знак за отворено срце и лице кои шири радост.

Линиите кои се во должина од носот до устата се нарекуваат линии на цели. Тие откриваат дека личноста е на прав животен пат.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement