Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

За најважните работи плаќаме со делови од душата…

Знаете ли, понекогаш седам и си мислам за животот. Правиме толку многу компромиси со себе, во името на работата, стереотипи, интереси, општествено мислење и.т.н. па дури на крај се губиме во сето тоа. Замката на егото е толку итра и лукава, што и ние самите не можеме да приметиме како сами паѓаме во неа.Да, животот е театарска представа и секој сам одлучува дали тоа ќе биде романтична комедија или мелодрама зачинета со агресија – за подлабок ефект кај публиката, плус доза  песимизам – за да може главниот актер да добие сочувство и сожалување од аудиторијата.

И што се случува на крајот?! Искрено кажано, крајот настапува и во едниот и во другиот случај. Но од нас зависи дали ќе биде тоа со насмевка на лицето или со самосожалување во очите.

Прави го она што ти носи среќа, па макар и да биде тоа лудо во очите на останатите. Откриј се и биди тоа што си, не дозволувај да ти влијае туѓото мислење и догми. Само така можеш да бидеш уникатен, зошто уште од самиот почеток на секое човечко суштество му е дадено да биде различно и единствено. А оние, кои издржуваат пред искушението да не влезат во општоприфатената матрица, за да бидат прифатени од другите, се малку…се помалку. Тоа е мојата вистина!

Простувам, бидејќи немам право да осудувам, судам и наплатувам. Не заборавам, бидејќи ја прокоцкаа мојата доверба. Најважно од се – јас се смеам. Не ви е јасно? Па не ме убивте! Јас живеам во реален свет во кој единствено може да ме изненади добрина и искреност, а тоа е толку ретко…

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement