Сега е сезона на тиквата, затоа ви предлагаме да го направите овој прекрасен пилинг за тело. Тој ја ексфолира и ја потхранува кожата на неколку начини. Тиквата е богата со витамин А, кој има смирувчко дејство, медот хидрирачко, а маслиновото масло содржи витамин Е и антиоксиданси.
Потребни производи:
½ чаша пире од тиква ( Сварете ја или испечете ја тиквата и потоа испасирајте ја со вилушка).
½ чаша кафеав шеќер
1 лажица ладно цедено маслиново масло
1 лажица мед
Можете исто така да додадете и мала количина цимет, каранфилче или неколку капки екстракт од ванила.
Измешајте ги сите состојки во сад и со пилингот масирајте го телото со кружни движења. Потоа исплакнете со ладна вода и нанесете хидратантен крем за тело.

You must be logged in to post a comment Login