Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Дали си победник или поразен избираш сам

Која е најголемата борба?

Не, не е со другите, не е со саканиот, не е со работата, борбата е со самиот тебе.

Тоа да си одбиен, да си огорчен, да мислиш дека светот е против тебе и да гледаш само страшни грешки, не помага да продолжиш, или барем не помага да си повторно среќен.

Често слушам од луѓето дека за да бидеш среќен треба да си задоволен од себе, да си среќен со она што е личноста во твојот свет. Да бидеш она што сакаш да го видиш во луѓето до тебе.

Успехот зависи од тоа дали реално мислиш и можеш да ги процениш своите способности. Но нема како да ги избегнеш падовите, падот е толку колку што ти ќе дозволиш. Човек учи да живее цел живот, но ако целата е да живееш овде и сега, треба да знаеш што е најважно – своите вредности за добро и лошо.

Да имаш јасна цел што сакаш во твојот живот, а што не. Не сакам деновите да минуваат во заборав, во сожалување или во сон каква треба да бидам.

Сакам од денес да бидам сето тоа. Да можам да кажам “јас” без да се плашам, да се дефинирам како личност.

Со читање на цитати или книги не можеш да го разбереш нивното значење. За да го сватиш треба да поминеш низ сите страници. Затоа со насмевка избирам да поминам низ сите страници од мојот живот, да не испуштам ниту еден збор и да не се закачам само за прекрасните или лоши моменти, туку да ги оценам сите.

Да сватам дека следната страница ќе биде повеќе јасна и категорична во идеите поставени во почетокот од очите на искуството.

Сам избираш дали ќе бидеш учесник во нечија книга или главен лик во својата историја. И најважното – треба да си вистински и секогаш искрен со себе, тогаш препрочитувањето ќе носи задоволство.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement