Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

По што се познава вистинскиот џентлмен?

Не, нема да зборуваме за манири. Да бидеш џентлмен не значи само да ја отвориш вратата или да го земеш палтото на жената. Тоа е менталитет! На тој начин ти само ја изразуваш почитта. И ова е огромен плус при освојувањето на женските срца. Прво мислете потоа дејствувајте како вистински господин. Еве како.

Џентлменот секогаш работи. Не само поради финансиски интереси. Туку да се развие себе. Да сретне нови луѓе, да научи нови нешта. За него нема срамна работа! И секогаш е страстен во она што го прави.

Џентлменот нема потреба од физичка демонстрација на надмоќ! Освен кога е неизбежно. Инаку, ова е за комплексарите. Џентлменот е дипломат. Особено кога е со жена. Тој не би ја изложил на опасност.

Не чека другите да му ја завршат работата. Дури и за најелементарните работи.

Џентлменот ја задржува ладнокрвноста. Колку и да го налутат, никогаш нема да експлодира јавно. Особено со противник жена. Ниту ќе си дозволи употреба на цинични и навредливи зборови. Побрзо ќе се обиде да ги смири тензиите и да го реши проблемот со нормален разговор.

Стои на својот збор. Ако договорил час и место на средба, ќе биде таму точно во секунда. Ветувањата се закон за него. Само нешто навистина сериозно би му попречило да ја исполни својата обврска.

Тој ги почитува другите. Џентлменот не суди според потеклото, финансиската состојба и полот. Ги почитува луѓето такви какви што се. Никогаш нема да слушнете да се истакнува себе, споредувајќи се со одредена личност.

Џентлменот ги прифаќа жените како еднакви. Кога станува збор за способности. Инаку е свесен дека сепак ние сме “поубавиот пол”. Но се грижи за својот изглед, за да може една дама  да се чувствува пријатно во негово друштво.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement