Знаете ли дека секое име поседува своја нумеролошка вибрација, која ја дефинира бојата на аурата? Според тоа на која боја одговара вашето име, зависат и ваште карактерни одлики.
За да ја одредите бојата на името и аурата потребно е само да направите едноставна калкулација. Соберете ги броевите на одделните букви, следејќи ја табелата и потоа редуцирајте го резултатот до едноцифрена бројка.
| ЦРВЕНА | 1 | А Ж С |
| ПОРТОКАЛОВА | 2 | Б К Т |
| ЖОЛТА | 3 | Л У Ц |
| ЗЕЛЕНА | 4 | Д М В |
| СИНА | 5 | Е Н Ќ Џ |
| ИНДИГО | 6 | О Ф Ш |
| ВИОЛЕТОВА | 7 | Г Ј П Љ |
| РОЗОВА | 8 | З Х Ѓ Њ |
| ЗЛАТНА | 9 | И Р Ч S |
Пример: Даниела = 4+1+5+9+5+3+1 = 28 = 2+8 =10 =1+0 =1
ЦРВЕНА: Многу нежни и добронамерни личности, подготвени на се за своите блиски. Овие луѓе не се способни ни мува да повредат,бидејќи поседуваат огромно срце. Несомнено тие се и најверните пријатели и секој што ги познава знае за тоа.
ПОРТОКАЛОВА: Неверојатна рамнотежа помеѓу умот и телото – овие луѓе поседуваат исклучителен шарм и истовремено се ужасно паметни и информирани. Секогаш го привлекуваат вниманието врз себе. Воопшто, тие се од оние типови кои ќе ги видиш и велиш “Уауу”!
ЖОЛТА: Весели и многу радосни луѓе. Способни се да полнат секој со позитивна енергија. Во исто време се многу самоуверени и интуитивни. Ретко им се случува да не успеат.
ЗЕЛЕНА: Совршен баланс помеѓу духовното и физичкото. Умеат да бидат и прагматични и позитивни. Овие луѓе се многу конзистентни во нивните акции. Несомнено се родени за лидери.
СИНА: Неповторливи оптимисти! Тоа се оние личности кои не се знае од каде секогаш наоѓаат сили во себе, за да ги надминат тешкотиите и да продолжат понатаму без трауми и лоши спомени.
ИНДИГО: Поседуваат неверојатна желба и волја за живот. Понекогаш очајуваат, но успеваат да ја најдат смислата во себе, тие се подготвени на се за да го направат и невозможното.
ВИОЛЕТОВА: Овие луѓе се карактеризираат со една необична смиреност и мудрост. Тие се долу на земјата и знаат што каква цена вреди. Не паѓаат на ризиците и неодговорно постапување, затоа и некои ги сметаат за здодевни. Но вистината е дека тие се страшно логични и сакаат успеси, додека другите уште си играат на примерок – грешка.
РОЗОВА: Нека не ве мами бојата, дека тоа се романтичари, летање во облаци. Напротив! Личностите кои носат имиња со розова аура, поседуваат многу силна волја и дух. Проблемот кај нив е дека понекогаш имаат тенденција да бидат егоисти, но генерално се добродушни и внимателни.
ЗЛАТНА: Од нив струии љубов, радост и разбирање. Склони се да се обидуваат да ги решат проблемите на сите околу нив, дури и ако тоа значи да ги заборават своите.


biljana
септември 7, 2013 at 8:52 pm
ee ja nema M oti?