Почетокот на овој текст, би сака да го започнам со еден цитат од Ерл Најтигејл кој вели:
„Најчудната тајна на светот е дека станувате тоа што мислите дека сте“.
Оваа фраза мора да ја сфатите буквално и да ја запомните, затоа што иако мислите дека свеста го контролира вашето однесување, всушност, тоа е дело на потсвеста. Ако знаете што треба да направите, а сепак не можете да се натерате себеси да го направите тоа, тогаш најверојатно и давате негативни или конфликтни пораки на вашата потсвест. Однесувањата што се контролираат со потсвеста се нарекуваат навики. Потсвеста може да се репрограмира и со позитивни пораки и да се создадат позитивни навики.
Тајната за тоа да бидете постојано мотивирани е во поставувањето многу емотивни цели и во целосната фокусираност на нив, и дење и ноќе.
Не сакам да ме сфатите погрешно, не кажувам дека можете да ослабите само со мислите. Независно од тоа колку позитивно мислите, ако нема акција нема да има и резултати. Важно е да се храните правилно, вежбате активно или да се подложите на редовни третмани и сето тоа да го правите со правилно фокусирање на вашата ментална енергија, без да дозволите саботажа од негативно програмираната потсвест.
До нашето наредно читање
Ве сака
Мелина


You must be logged in to post a comment Login