Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Позитивната страна на тагата

Кога не се чувствуваш добро, не се чувствуваш добро. Тоа е така и нема што да објаснуваме глупости од типот дека за инает на емоциите, човек треба да се насмевне. Напротив – тие треба да се доживеат, да се пуштат на слобода, а не да се негуваат длабоко, длабоко…

Но! Вистината е дека дури и во најтажните моменти има нешто позитивно. Обично тоа се лекциите кои ги учиме. Бидејќи страдањето е дефинитивно најдоброто школо кое го учиме! Дури и да не ви се верува, сепак, тагата има и уште позитивни страни. Еве некои од нив…

Ја подобрува меморијата

Излегува дека кога сме тажни, нашите сеќавања за она што ни се случило и нашата околина се многу по-детални.

Ни помага да превземеме подетални одлуки

Друго е кога животот ќе ти удри еден убав шамар! Тогаш сакаш-несакаш се отрезнуваш и почнуваш да мислиш порационално. Докажано е дека под влијание на доброто расположение луѓето оставаат на своите предрасуди да ги водат во донесување на одлуките.

Ја намалува наивноста

Веројатноста да бидат измамени и заведени е помала за луѓето кои се тажни или разочарани.

Ја зголемува учтивоста

Според едно истражување, луѓето кои штотуку гледале тажен филм, се повеќе склони кон учтивост од останатите.

Ја зголемува мотивацијата

Ја знаете приказната дека кога сте на дното, нема друг пат освен нагоре. Понекогаш нема посилен мотиватор да успееш од неуспехот, разочарувањето и тагата. Тагата многу често не оттргнува од удобната зона и не тера да сватиме дека треба да се дејствува, ако сакаме да промениме нешто во нашиот живот.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement