Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

6 балсама за меки пети

Лето е и сите ние сакаме да се чувствуваме совршено во својата кожа. Меѓу грижата за телото, сепак, се чини дека, онаа за петите останува во заден план. Стапалата се без масни клетки и нивната кожа, лишена од внимание, особено во летните месеци, најлесно напукнува, се суши и станува груба. А за да ја задржиме мека и нежна не е воопшто тешко, пријатно е и лесно, а ефектот – неверојатен!

Топла бања со млеко и сол

Во легенче додадете топло млеко, 3 лажици кујнска сол и малку шампон. Нозете се потопуваат околу 20 минути, а потоа со помош на камен за пети се отстранува грубата кожа.

Топла бања со камилица и невен

Одличен омекнувачки и мазен ефект има топлата бања со камилица и невен. Во 1 литар врела вода додадете 4-5 лажици од билките. Оставете да отстои околу 5 минути. Откако ќе се излади, потопете ги стапалата во легенот. Доволни се 20 минути за да почувствувате кадифена мекост и нежност.

Пилинг маска со кафе и маслиново масло

Талогот од кафе се меша со маслиновото масло и со нежни движења добиената смеса се нанесува на стапалата. Петите се тријат со камен и се мачкаат со крема. Маската се нанесува на влажна кожа.

Бања со бело вино

Белото вино има исклучително навлажнувачки ефект. Кон 200мл бело вино додадете 1 лажица цвет од липа во прав. Сместа оставете ја да зоврие. Откако ќе се излади, потопете ги стапалата во неа за околу 10 минути.

Маслиново масло и еукалиптус за мазни пети

За да се секогаш мазни и нежни, вашите пети, не заборавајте по секоја бања да втриете загреано маслиново масло и да ги масирате во насока кон прстите. Маслото од еукалиптус пак ќе ја активира циркулацијата и ќе ја направи кожата на петите мека како на бебе.

Домашен крем со етерични масла

Исклучително  лесно и брзо во домашни услови може да направите крем за меки пети на следниов начин:

На 10гр бебешки крем за тело додадете 4-5 капки масло од лаванда и камилица.Овој еликсир тријте го на стапалата по секоја бања со енергична масажа на влажна кожа.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement