Колку и да ви зборуваат дека да се карате пред децата е грешка, тоа е неизбежно. Најмногу внимателни треба да бидете, кога тие се сеуште мали. За да ја омекнете малку ситуацијата, ќе мора и двајцата да се придржувате кон некои правила. И мора да ги почитувате за време на скандалот пред децата. Еве кои се тие.
Избегнувајте теми за возрасни
Не треба да се спори пред децата, кога станува збор за сексуални проблеми, проблеми со алкохол или недоразбирања со роднини. Не знаете точно како децата ќе ја интерпретираат ситуацијата. Сепак тие не се возрасни! А може и да ги поставите во погрешна позиција.
Никогаш не спорете за нешта кои се однесуваат на децата
Доколку станува збор за воспитување, вие мора да сте апсолутен тим! Или барем пред нив. Штом видат дека има несогласувања за тоа што е дозволено, а што не е, бидете сигурни дека ќе имаат корист од нив.
Никогаш не барајте од децата да завземаат страна
Ако за еден возрасен човек тоа може да е исклучително лесно, за едно детенце не е така. Ако на сила го натерате да направи избор, може да му всадите чувство на вина во однос на другиот. А верувајте, ниту едно дете не сака да се чувствува така! Сепак нели расправијата е помеѓу вас двајца…
Не се навредувајте еден со друг
Дури и да ви доаѓа да викнете: “Ти си будала!”, не го правете тоа. Заменте го со: “Обиди се да бидеш разумен” или нешто слично. Детето може да ги прифати навредите како нормален начин на комуникација!
Не се заканувајте со развод
Тоа никогаш, ама никогаш не го користете во присуство на детето. Тоа може да ги прифати вашите зборови и сериозно да се загрижи дека мама и тато нема да се веќе заедно. Тоа е голем стрес за секое дете. Може дури и да помисли дека вината за недоразбирањето е во него.
И најважно-секогаш пред децата оставајте впечаток дека сте го решиле конфликтот!

You must be logged in to post a comment Login