Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Мелина знае: Како до совршена силуета – основни совети при подготовки за започнување на диета

Во пресрет на летото и еуфоријата околу годишните одмори, сигурно сте во потрага по “идеална” диета, со која на едноставен начин преку драстично намалување на храна по пат на изгладнување ќе сакате да постигнете експресни резултати со намалување на неколку килограми за многу краток временски период.

Така, ако единствен критериум за успехот е намалување на тежината, а притоа не Ве интересира како се одвива тој процес и колку време ќе ја задржите таа тежина, тогаш сте соочени со два многу сериозни проблеми:

  • Намалената тежина како резултат на ваквите диети речиси никогаш не се задржува.
  • Вториот и најважен проблем е дека со овој тип на диети најмногу се губи мускулната маса, а не масните наслојки.

Како трајно да ослабете?

Првиот чекор кон симнувањето на масните наслојки е поврзан со промената на размислувањето, наместо навика за краткорочни диети мора да стекнете навики за цел живот. Корените на навиките за здрава исхрана и активност може да се формираат за 28 дена, бидете истрајни.

Најкритичниот фактор при здравото слабеење е задржување или зголемување на мускулната маса, бидејќи колку повеќе мускули имате, толку повеќе калории согорувате, дури и кога се одмарате или спиете. Комбинација од третмани и физичка активност го забрзува ритамот на слабеење.

Потрудете се, наместо прегладнување или конзумирање на еден до два обилни оброка дневно да имате чести и мали здрави оброци, приближно на секои три часа. Кога јадете повеќе, телото согорува повеќе калории, бидејќи со постојаниот внес на храна го забрзувате вашиот метаболизам.

И на крај како последно, но не и најмалку важно – водата. Пијте вода (обична, не минерална) во секое време, дури и кога не чувствувате жед, бидејќи жедта е првиот знак кој ни кажува дека телото ни е дехидрирано, а со самото тоа ќе го забавиме процесот на слабеење.

Се надевам дека преку моите основни совети ќе успеам да допрам до Вас, да ги избегнете сите  експресни диети и уште денес ќе одлучите трајно да ослабете.

До нашето наредно дружење.

Ве сака

Мелина

Melina

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement