Идеална жена – која е таа?
Вистината е дека секоја од нас може да биде идеална!
Како? Со својата природност, се разбира. Само што не е толку лесно како што звучи. Идејата е не само да бидеш себе, туку да бидеш најдоброто од себе. Да ги користиш своите најсилни црти, да ги нагласиш и развиваш, да се гордееш со нив. За таа цел е потребно да го направиш најтешкиот чекор – да разбереш што сакаш од себе и од животот, да си дадеш вистинска идеја за она кон кое се стремиш и за она што не вреди напор.
Оттаму натаму е лесно – ти си идеалната жена! Бидејќи веќе одлично знаеш колку вредиш, знаеш што бараш и знаеш што е реално а што не реално во твоите очекувања. Но најважно е дека се почитуваш и се сакаш себе! А тоа, освен што те прави неверојатно убава и секси, нема да ти дозволи да го запоставиш своето идеално Јас во името на некој кој не заслужува.

You must be logged in to post a comment Login