Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Писмо на еден дедо до своите внуци

Помагајте им на луѓето секогаш кога ќе можете, работете ја својата работа и секогаш кажете им на другите колку ви значат.

Писателот и поетот Џејмс К. Фланаган од Њујорк им оставил на своите внуци, од кои најмладиот има 5, а најстариот 11 години, писмо со бројни совети кои ги стекнал во текот на своето долгогодишно животно искуство. На 3 септември 2012 година тој ненадејно починал од срцев удар, а писмотот е објавено со дозвола на неговата ќерка Рејчел Креигтон.

Драги Рајан, Конор, Брендон, Чарли и Мери Катарина,

Мојата драга и мудра ќерка Рејчел бараше од мене да запишам некои совети за вас, оние кои ги научив во животот. Го почнувам ова писмо на 8 април 2012 година, точно на мојот 72- ри роденден.

–          Секој од вас е најубав дар од Бога за вашето семејство и целиот свет. Сетете се на тоа секогаш, особено кога се сомневате во себе или кога сте обесхрабрени.

–          Не плашете се од никого и секогаш живејте со полна пареа. Следете ги своите желби и надеж, без оглед на тоа колку се разликуваат од туѓите. Луѓето често не го птрават она што го сакаат или што би требало. Бидејќи константно размислуваат што другите ќе речат.

–          И, запомнете уште една важна работа – луќето кои нема да ви донесат пилешка супа кога сте болни или кои нема да бидат покрај вас, не се важни!

–          Сите ние сме сосема обични луѓе. Некои носат премногу скапа облека или имаат поголеми титули или моќ и мислат дека се над сите останати, но не е така. Тие имаат исти сомнежи, стравови и надеж, јадат, пијат, спијат и прдат, како и секој нормален свет.

–          Кога ќе пораснете и ќе добиете деца, секогаш имајте ја на ум старата ирска изрека: Фалете ги децата и тие ќе цветаат!

–          Бидете добри и секогаш помагајте им на луѓето – особено на оние кои се уплашени и на децата. Сите тие носта некоја тага и потребно им е вашето сочувствување.

–          Не придружувајте и се на војската или на било која друга организација што ве тренира да убивате. Војната е зло. Сите војни ги започнуваат повозрасни луѓе кои ги измамиле младите мажи да се мразат и да се убиваат едни со други. Возрасните преживуваат, и како што ја започнале војната – со пенкало и хартија, ја завршуваат на ист начин.

–          Читајте книги колку што можете. Тие се прекрасен извор на уживање, мудрост и инспирација.

–          Секогаш бидете искрени.

–          Патувајте кога ќе имате можност, посебно додека сте млади. Не чекајте да имате доволно пари или додека сите коцки не се подредат. Тоа никогаш, ама никогаш не се случува.

–          Одберете работа и професија која ќе ја сакате. Секако, ќе има и тешки моменти, но работата мора да ви биде уживање.

–          Не викајте! Тоа никогаш не успева, а ве повредува и вас и другите. Секогаш кога викав доживував неуспех.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement