Наскоро се појави нов режим на исхрана во чија основа стојат печурките и кој за многу кратко време ги освои жените ширум светот, а следбенички од светот на славните се Кети Пери и Кели Озборн која го шокираше светот со наглото слабеење пред околу година дена.
Според експертите печурките можат да послужат како главно оружје против килограмите при што основниот приоритет е намалување на обиколката во сите делови од телото со искучок на градите. Печурките ветуваат да помогнат на представничките од понежниот пол да влезат во форма за две седмици. Според нутриционистите печурките се доста хранливи, што ја намалува потребата од високо калорична храна.
Тие ја регулираат функцијата на цревата и го намалуваат гладот. На тој начин се заштитувате од евентуално прејадување. Освен тоа се богати со протеини кои се најдобриот извор на енергија. Содржат витамини, железо и цинк, супстанции кои ја прават косата, кожата и ноктите здрави и силни.
Во текот на овие две седмици појадокот треба да се состои од овошје или житарици со јогурт. Ручекот и вечерата се состојат од порција печурки, варени или печени со сезонска салата.

You must be logged in to post a comment Login