Диетата со јагоди ветува дека за 5 дена можат да се соборат помеѓу 5 и 10 килограми. При тоа не е поврзана со гладување!
Појадокот е еднаков за сите денови. Имено- 1 полна чаша јагоди, кон која може да се додаде парче пченкарен леб и мало парче сирење, чаша нискомаслен јогурт или 5 лажици нискомаслена урда.
1 ден
За ручек изедете 250гр јагоди, 1 краставица и 1 домат, 150гр варено пилешко.
За ужина овошна салата со една чаша јагоди.
За вечера изедете неколку варени компири, салата од зеленчук со сок од лимон и маслиново масло и … чаша јагоди, се разбира.
2 ден
За ручек урда со јагоди и супа од зеленчук.
За ужина јагоди и јогурт.
За вечера направете варена риба со малку марула, печени пиперки и тиквички.
3 ден
За ручек изедете чаша јагоди, салата од краставици, и ќофтиња од телешко месо.
За ужина земете јогурт со ниска масленст или обезмастена павлака со јагоди.
За вечера направете омлет со спанаќ. А за десерт – јагоди!
4 ден
За ручек изедете две парчиња црн леб, мешавина од урда, јагоди, ментол и авокадо и 150мл јогурт.
За ужина една чаша јагоди со малку крем сирење.
За вечера спремете салата од цвекло, моркови, краставици и варено пилешко. И, се разбира- јагоди. 250гр е неопходното количество.
5 ден
За ручек направете супа од карфиол, пиперки и целер. Каснете и јагоди, се разбира.
За ужина измешајте јагоди во блендер со малку млеко со ниска масленост.
За вечера парче пилешко со марула, и за десерт 250гр јагоди со две лажички мед.
Тоа е, девојки!

You must be logged in to post a comment Login