Кафето и какаото се ефикасна и лековита комбинација за вашата кожа! Маската ги отстранува темните флеки и торбичките под очите, го изедначува тенот, ги пополнува брчките и ја затега опуштената кожа.
Освен тоа маската многу лесно се прави и се што ни е потребно го имаме дома.
Потребни намирници:
4 лажици тазе мелено кафе
4 лажици какао
8 лажици кисело млеко
2 лажици мед
Сите компоненти се мешаат се додека не добиете хомогена смеса. За да се раствори добро медот најдобро е претходно малку да се загрее. Маската се нанесува на лицето и вратот и се остава да делува половина час.
Се препорачува редовна употреба еднаш седмично во текот на 6 месеци. За оние со сува кожа наместо кисело млеко, нека додадат павлака.

You must be logged in to post a comment Login