Сушење, исправање, виткање, фарбање… Да признаеме, ако косата можеше да зборува, таа ќе врескаше до небото!
Во случај да ја третирате косата на овој начин, значи или е оштетена или е на пат да стане таква. И во двата случаја оваа прекрасна домашна маска ќе ви заврши голема работа.
Потребно ви е:
Половина чаша кисело млеко
1 лажица маслиново масло
1 лажица мед
1 лажиче балсам или маска за коса ( какви што обично користите)
2-3 лажици компиров скроб
Измешајте ги убаво сите состојки – конзистенцијата треба да е како густа каша. Загреете ги на пареа. Почекајте да се олади, па нанесете ја смесата на измиена коса, исушена само со крпа. Втриете со најлонска кеса и останете така 30-40 минути. На крајот добро измијте ја косата со шампон. Користете ја оваа маска два пати во месецот, доколку сакате да се радувате на здрава и убава коса.

You must be logged in to post a comment Login