Дали сте чуле дека кивито го викаат “мала витаминска бомба”? Така е, бидејќи во овој ситен плод е содржано незаменливо богатство не само од витамини, туку и од минерали и ензими. Ова го претвора во прекрасно средство за пролетта, со кое можеме да ја енергизираме кожата на лицето.
За глината пак занеме дека обезбедува есенцијална грижа не само на лицето, туку и на косата и воопшто – целото тело.
А кога овие два прекрасни продукти влезат во комбинација со уште една супер корисна состојка – медот, се добива навистина одлична маска.
Потребни состојки:
1 лажица глина
1 лажиче мед
½ киви
Начин на подготовка:
Изгмечете го кивито и измешајте го со глината. Додадете го медот и добро измешајте. Добиената смеса нанесете ја врз лицето и вратот и оставете ја да дејствува околу половина час.
На крајот исплакнете со млака вода. И тоа е тоа!

You must be logged in to post a comment Login