Начинот на кој родителите комуницираат со своите деца остава трајни последици на нивниот однос, додека најголема штета ja прават зборовите кажани во бес. Иако подоцна родителите ќе се покајат за тешките зборови кажани во моментот на лутина, тоа веќе оставило траг на децата на кои таквите зборови им биле упатени.
– Зборовите болат и не можат да се вратат, па бидете внимателни како да ги користите.
Баш ми е гајле
Децата обожаваат да раскажуваат што им се случило во паркот и за времето што го поминале со своите другари, за облаците кои ги виделе на небото или за моментот кога целата паста им се истурила во лавабото. Од друга страна, родителите понекогаш не сакаат да го слушнат баш секој детал. Сепак, тоа не е причина на детето да му велите дека баш ви е гајле! На тој начин неповратно ја прекинувате комуникацијата со детето и му давате на знаење дека не ви е баш гајле за нешто што му е нему важно.
Се однесуваш како да имаш три години
Вашата ќерка има седум години, но вие сметате дека се однесува како да има три. Ова се случува не поради однесувањето на детето, туку поради родителската амбиција да го контролираат своето дете и, на крај, да ги искажат сопствените фрустрации. Изговарањето на оваа реченица можеби ќе направи да се чувствувате подобро во моментот. Но со тоа детето ќе свати дека го критикувате .

You must be logged in to post a comment Login