Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Најдоброто што можете да го направите за вашите деца е…?

Сигурно не ви се верува но има лекарство што помага за сите болести – од висок притисок до настинка и.т.н. И најважно е што не штити од нив. И од горе на се е бесплатно. Се нарекува добро расположение.

Веќе е научно докажано дека токму тоа е најголемиот непријател на болестите. Кога сме незадоволни и вечно намрштени се лачат хормони кои го напаѓаат имуниот систем и постојано  нешто не боли, а кога сме среќни – се лачат други кои го зајакнуваат имунитетот и не прават отпорни за болестите.

Докажано е дека оптимистите, позитивно расположените луѓе, боледуваат многу поретко, оздравуваат многу побрзо од вечно незадоволните луѓе.

Расположението си има и чисто биолошка основа и тоа се хормоните кои се синтетизираат во мозокот. Најважните од нив се серотонин и допамин. Ако постои недостаток од серотонин преовладуваат мрачни мисли и депресивни состојби.

Човек тешко се менува на стари години, затоа научете го детето уште од најрана возраст да е позитивно, да е оптимист, да е добро расположено за да е здраво. Не заборавајте го личниот пример. Ако од секој проблем правите голема драма, ако постојано ги кршите прстите пред детето и ви е крив целиот свет, најверојатно ќе одгледате такво дете.

Фалете го детето секогаш кога има повод, создајте кај него самодоверба, за да може да се справи со предизвиците. Посветете му внимание и заедно уживајте во убавите работи што животот ги носи, а не да се фокусирате само на лошите моменти.

Смеењето лекува, смејте се заедно со децата, насмевката е како вирусите, силно заразна.

Ако се добронамерни и насмевнати и другите ќе им одговорат на истиот начин. Научете ги да ги ценат малите радости во животот, заедно погалете мало кученце, навадете дрвце, купете сликовница. Да си доставиш задоволство е цела философија, не е задолжително да си богат, за да си среќен. Малото подароче може да донесе многу повеќе расположение од скапиот подарок…

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement