Во текот на студените зимски денови кожата на рацете претрпува неповолни промени. Дури и да ги имате најтоплите ракавички, таа во секој случај станува посува и осетлива и има потреба од специјана грижа. Затоа еве како да си направите домашна маска за суви раце.
Потребни намирници:
– 2 лажици мед,
– 1,5 лажици глицерин,
– 3 лажици бадемово масло,
– 1 жолчка од јајце,
– 5 капки сок од лимон,
Исипете ги сите компоненти во стаклен сад и мешајте добро се додека смесата не се изедначи. Маската нанесете ја на рацете и оставете да делува околу половина час. Најдобро е да ставите и најлонски ракавици какви што користиме за бојадисување на косата. Правете ја маската неколку пати седмично и вашите дланки ќе изгледаат прекрасно и во зима.

You must be logged in to post a comment Login