Вашата коса има потреба од помош? Сакате да ја направите посјајна, да го спречите опаѓањето и појавата на првут? Ништо полесно – направете маска од квасец!
За целта ви е потребна коцка квасец на што ќе додадете една супена лажица мед. Измешајте добро додека смесата се изедначи и оставете да стои еден час за да можат да се активираат процесите на ферментација.
Нанесете од смесата на скалпот и по должината на косата и нежно масирајте. После тоа нанесете најлонска капа и крпа и оставете маската да делува еден час.
Доволно е да ја правите оваа маска 1-2 пати неделно и после неколку седмици веќе ќе можете да ја забележите разликата.

You must be logged in to post a comment Login