Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Uncategorized

Месечева диета

Месечевата диета во последно време е една од најпопуларните диети и многу се зборува за неа. Освен што симнува вишок на килограми и ги чисти токсините од организмот, оваа диета е основана на едно правило: не е дозволено ништо да се јаде 24 часа од првиот час од промената на лунарната фаза. Тоа е всушност пст кој започнува во одреден час, во времето на месечевата мена и промените на магнетното поле на Земјата( тоа трае 24 часа).

Во тоа време доаѓа до зголемено излачување на течности кои организмот инаку ги задржува поради лоша или преобилна исхрана, но и зголемен стрес. Значи, тој ден можат да се изгубат и до 3 килограми, а тоа да не биде штетно за организмот. Еднодневниот пост му овозможува на организмот да се одмори, што допринесува за понатамошно зајакнување на неговите одбрамбени способности.

Месечевата диета нема лоши последици по телесните, физичките и менталните способности. Да се гладува еден ден не е тешко, особено ако се знае каков е резултатот на крај, а притоа не се потребни никакви лекови за отстранување на течности.

Во текот на денот би требало да се испијат најмалку 2, а може и до 4 литра течности ( се препорачува тоа да биде вода, никако засладени чаеви или газирани сокови). Можат да се пијат и овошни сокови, но само природни, без никакви додатоци, додека млекото и алкохолот се забранети.

Оваа диета не е препорачлива за симнување на многу килограми, но е за правилното одржување и јакнење на организмот, како и за подигнување на одбрамбените способности.

Упатство

Посветете си себеси малку време и пробајте го следново:

Кога месецот опаѓа, јадете храна која обично редовно ја консумирате и на која сте навикнати. Во тоа време, за телото не се „лепи“ храна како кога Месечината се наоѓа во некоја од другите фази. Кога Месечината расте, јадете помалку од вообичаено, или консумирајте помала количина на храна од онаа на која сте навикнати.

Кога е полна Месечина или Млада месечина, еден ден обавезно одредете го како пост. За време на полната месечина, телото најочигледно ја користи и преработува храната, а за време на младата месечина, најдобро се ослободува од салото и различните токсини. Без радикални зафати и на многу едноставен начин, по неколку месеци може да стекнете многу корисно животно искуство кое ќе ве исполни со позитивно расположение, поголема самодовербаи задоволство поради подобра психофизичка состојба. При тоа , можете успешно да се ослободите барем од критичниот дел, без многу мака и штетни последици по организмот.

Инаку, ако се одлучите да постите еден ден за време на младата месечина, познато е дека на таков начин можете да спречите појава на различни болести. Всушност, во тоа време подготвеноста на организмот да се ослободи од насобраните токсини и штетни материи е многу поголема од претходно. На основа на досегашните резултати – кога станува збор за одвикнување од пушење или алкохол, од прекумерно јадење до консумирање на преголема количина на кафе – се покажало дека шансите за успех се поголеми во оваа месечева фаза отколку инаку.

Месечеви мени

Млада месечина е кога Месечината се наоѓа помеѓу Земјата и Сонцето; погледнато од Земјата, таа е невидлива. Во календарот се прикажува со темен круг.

Прва четвртина е кога оската Месечина-Земја формира прав агол со оската Земја-Сонце. Првата четвртина или Полумесечина настапува 6 дена по новата месечина. Во календарот е прикажана како круг чија лева страна е затемнета.

Полна месечина е кога Земјата се наоѓа помеѓу Сонцето и Месечината која е потполно осветлена со сончева светлина. Полната месечина се прикажува со светол круг.

Последна четвртина – положбата на планетите е идентичен како во првата четвртина, но се гледа левата страна од Месечината. Во календарот е прикажана како круг чија десна половина е затемнета.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement