Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Uncategorized

Дел од козметиката од која паѓа ерекцијата

Кога мажот би бирал дали да има секс со комплетно нашминкана девојка која има вештачка коса, нокти, кило шминка на лицето и останатите неприродни додатоци или пак со девојка која е природна убавица и која практично има само малку маскара и малку сјај на усната, секогаш би го одбирал ова второто. Мажите се љубители на природно и одвратно им е се што не спаѓа во таа категорија.

А доколку би сакале да го задоволите во кревет, има некои козметички производи и додатоци кои би требало да ги избегнувате. Во спротивно, падот на ерекцијата на мажот е загарантиран.

2

Вештачки трепки

Знаеме дека поради вештачките трепки вашето лице изгледа по гламурозно, а очите поголеми, но само пробајте да го замислите изразот на гадење на неговото лице кога во средина на сексот види трепка како виси од очниот капак,или пак, во уште полошо сценарио, пронајде сабајлето во креветот.

Црвен кармин

Црвениот кармин се рекламира како најдобро оружје за заведување, но правата вистина е дека ниту еден маж не сака да види во спалната соба. Дури и ако го изоставиме вкусот кои мажите не го поднесуваат, тука се и траги кои остануваат на облеката и кожата, но на вашето лице сигурно не изгледа привлечно со размачкан кармин околу устата.

1

Лак за коса

Натапираната фризура оставете ја за во диско или за излегување со пријателките. Ниту еден маж не сака прстите да му се залепат во вашата коса на која има многу лак, а со оглед на тоа дека мажите ценат природност, косата која во кревет изгледа како кацига сигурно нема да изгледа привлечно.

Тон парфем на вратот

Девојките често претеруваат со тешки и слатки парфеми кои мажите повеќе ги одбиваат отколку што ги привлекуваат. За секси игри бирајте нежни и прозрачни парфеми и малку нанесете позади увото или на косата, бидејки мажите не сакаат вкус на парфем кој е во обилна количина на вашиот врат.

4

Многу пудра

Разбираме дека на состанок не сакате да излезете без пудра, но големо количество навистина треба да прескокнете. Вашиот дечко сигурно не се весели кога, по сексот ноќта, на перницата утрото види одвратни и смеѓи дамки. Доколку не можете без пудра или бронзер, во торбата секогаш носете влажни марамици за вадење шминка, како би си го исчистиле лицето пред одење на спиење во неговиот стан.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement