Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____баланс новости и трендови

5 најдобри коктели за витка линија

Дали сте знаеле дека за време на едно вечерно излегување со другарките во просек се внесуваат и до 1000 калории. Додека пиењето на погрешен пијалок може да ве чини и вашата линија. Затоа следен пат кога ќе одите во ресторан или ноќен клуб, нарачајте некој од овие коктели – нискокалорични, а со одличен вкус.

Традиционален бурбон коктел

Ова е еден од најстарите коктели и се прави повеќе од 200 години. Причината за неговата популарност е во тоа што нема премногу состојки.

Маргарита

Маргаритата е освежувачка и содржи многу малку калории, ако се направи како што треба. Оригиналниот рецепт за маргарита содржи текила, сок од лимета и малку сируп агаве. Ако сте загрижени дека барменот ќе ви стави премногу шеќер во коктелот, слободно кажете му да стави свеж сок од лимета и сируп.

Космополитен

Кери Бредшо и останатата екипа од Сексот и Градот, сигурно знаат што прават кога нарачуваат космополитен. Се состои од вотка, сок од лимета и сок од брусница, и има околу 150 калории.

Мохито

Како и маргаритата, класичниот рецепт за мохито се состои од премногу шеќер. Оригиналниот рецепт се состои од рум, мента, минерална вода, лимета и малку шеќер. Бармен кој го знае тоа ќе ви направи мохито кое нема повеќе од 150 калории. За секој слушај напоменете му да не претерува со шеќерот.

Гимлет

Било да се одлучите за вотка, текила или џин, гимлет е прав избор ако сакате нискокалоричен коктел. Базичниот рецепт се состои од алкохол ( во главно џин) во комбинација со зашеќерн сок од лимета и се служи во чаша за мартини.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement