Ако не успевате да го постигнете посакуваниот мејкап-изглед, можеби вашата шминка не е виновна, туку начинот на кој се шминкате. Ако ја нанесувате шминката по погрешен редослед, дури и најдобрите призводи нема да ви помогнат да изгледате совршено. Ви ги откриваме најчестите грешки поради кои не можете да го постигнете посакуваниот изглед.
Коректор пред пудра – Ако го нанесете коректорот пред пудрата, при нанесување на пудрата коректорот ќе го размачкате по целото лице. Коректорот треба да ги прикрие неправилностите, а тоа ќе го постигнете ако го нанесете после пудрата. Затоа, коректорот нанесувајте го по пудрата и потрудете се добро да го натапкате со прстите за да се растопи со подлогата.
Сенка по моливче/туш и маскара – Мнгоу жени сенката ја нанесуваат на крај, што е сосема погрешно бидејќи сенката го прекрива моливчето/тушот и прави маскарата да изгледа неуредно. Затоа, прво нанесете сенка, па дури потоа моливче/туш и маскара.
Руменило пред шминкање на очите и усните – Ако имате намера да ги истакнете очите и усните, руменилото нанесете го на крајот од шминкањето за да ја погодите вистинската мера. Ако го нанесете руменилото пред шминкање на очите и усните, лесно може да претерате.

You must be logged in to post a comment Login