Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Лице

НАПРАВЕТЕ САМИ: Домашна крема против брчки

Желатинот е познат по неговиот ефект на затегнување и затоа се користи за поткревање и корекции на образите и подбрадокот во многу салони за убавина.

Ја одржува кожата здрава и ја подмладува и ја подобрува нејзината општа состојба. Што е најважно од се, желатинот ги измазнува брчките, ја омекнува и избелува кожата и ја подобрува циркулацијата на крвта. Поради сите овие позитивни својства на желатинот, тој се користи како основна состојка на крема за подмладување која можете да ја направите сами.

Потребни состојки:

–    1/2 чајна лажичка (говедски) желатин
–    50 мл. вода
–    1 полна супена лажица мед
–    50 мл. аптекарски или растителен глицерин (глицерол)
–    ¼ таблета иситнет аспирин од 200 мг

Измешајте ги убаво сите состојки и ставете ги во емајлиран сад. Загревајте го садот на врела водена пареа, 5-7 минути, со постојано мешање, додека не добиете хомогена смеса и потоа тргнете ја на страна да се олади. Додека се лади, матете со маталка или миксер на најслаба брзина за да добиете желатинеста крема. Оставете убаво да се олади и ставете во соодветна кутија (на пример од претходна крема што сте ја потрошиле) и ставете во фрижидер. За неколку часа во фрижидерот смесата ќе се стврдне и ќе стане желатинеста крема.

Кремата се нанесува секојдневно, навечер, околу 2 часа пред спиење, и се остава да отстои 20 минути. Земете со рака количина која ви е доволна за едно нанесување, малку загрејте со прстите или дланките и нанесете на лицето, вратот и деколтето. По 20 минути избришете ги остатоците од кремата што не се впиле во кожата со хартиено или влажно марамче.

Количината на кремата е доволна за еден месец. Ако не ја потрошите, направете нова, бидејќи не се препорачува да стои подолго од 1 месец. Се чува на горната полица од фрижидерот.

Желатинот може да се искористи и на други начини.

Ленти со желатин за чистење на порите на лицето

Овие ленти со желатин ќе ви бидат од голема помош ако се борите против акни и митесери на лицето. Се меша по 1 голема лажица желатин и млеко, се загрева кратко 10-15 секунди во микробранова печка или на водена пареа, и потоа смесата се нанесува со четка на проблематичните делови од лицето, на пример на носот. Се остава да делува 10-15 минути и потоа лентата се трга со брзо движење. Постапката се повторува 2 пати неделно во текот на 1 месец.

Маска со желатин за избелување на пигментни дамки на лицето

Измешајте 20 гр. желатин со 50 мл. врела вода и додадете 20 мл. сок од лимон. Нанесете ја маската на лицето со памук или памучно крпче и оставете да отстои 15 минути. Измијте со топла вода. За најдобри резултати треба да направите третман од 10 маски, по 2 пати неделно, вкупно 5 недели.

Маска од желатин за лифтинг

Растворете 1 чајна лажичка желатин во 50 мл. топла вода. Додадете 100 гр. овесни снегулки, кои претходно сте ги оставиле да омекнат во топла вода, и половина мала лажичка мед. Нанесете ја маската на исчистено лице и оставете ја да отстои 15-20 минути. Измијте со топла вода. Се прави третман од 10 маски, на секои 2-3 дена.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement