Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Лице

Најдобрите рецепти против стареење од сите краеви на светот

Жените од сите краеви на светот тежнеат кон истото кога се работи за нега на лицето и телото, а тоа е да изгледаат помладо, односно да ја намалат видливоста на брчките на лицето. Ви откриваме неколку природни рецепти против стареење од разни делови на светот. 

Кинеските прават маска од двата најпознати видови чај – зелен и бел. Бидејќи и двата се богати со силно анткоксидантно својство, клетките на кожата забрзано ќе се обновуваат и се забавува појавата на нови бори.

Рецептот е едноставен – три лажички зелен чај во прав се мешаат со три лажички сварен бел чај додека не се направи паста, а потоа се додаваат неколку капки сок од лимон. Нанесете ја маската на лицето, оставете ја да дејствува 15 минути и измијте ја со млака вода.

Индијките се служат со чај од ѓумбир, а потоа на лицето се нанесува и маска од свежо изрендан ѓумбир со малку мед. Овој препарат против стареење дејствува антибактериски и го смирува воспалението, а ѓумбирот спречува уништување на природниот колаген.

Во Мексико рацете се негуваат со пилинг од лимон и шеќер. Лимонот дејствува како антиоксиданс и помага во задржување на хидратацијата на рацете, а шеќерот ги отстранува мртвите клетки на кожата, го изедначува тенот и ги избелува дамките.

Рецептот лесно се памети: две шолји шеќер, една шолјичка маслиново масло и пет лажици сок од лимон се мешаат во хомогена смеса и се нанесува на рацете, па по десетина минути се измива со млака вода. Пилингот без проблем може да се чува во тегла на темно и ладно место, па можете да го користите се додека не ја потрошите таа количина.

Французинките својот младешки изглед го одржуваат со екстракт од семки од грозје, кој го подига нивото на антиоксиданси во крвта, поттикнува производство на колаген и ја чува еластичноста на кожата. Секој ден би требало да се зема 100 мл екстракт, што одговара на количината од еден килограм грозје.

За крај, еден од најполуларните сокови против стареење – сок од нони од Полинезија, кој ја чисти кожата однатре, ја навлажнува, ги ублажува ситните брчки околу очите и спречува појава на акни. Се пие како сок или чај.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement