Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Лице

5 совети како да ги намалите брчките

Ниту една жена не сака да го открие бројот на годините, пред самата да го каже тоа, а рецепт за ова е младешката кожа. Затоа ви даваме 5 корисни совети како најдобро да ја негувате.

Спијте на грб

Спиењето во одредени позиции навечер може да доведе до креирање на таканаречени линии од спиење, брчки кои се прават на површината на кожата и не исчезнуваат откако еднаш ќе се појават. Спиењето на страна ги зголемува брчките на образите и брадата, додека спиењето со лицето надолу носи избраздено чело. За да го намалите формирањето на брчките, спијте на грб!

Јадете повеќе риба

Рибите, а особено лососот, се одличен извор на протеини, една од основните состојки за градбата на убава кожа. Тие исто така се одличен извор на омега-3 масни киселини кои ја задржуваат кожата дебела и младешка и помагаат во намалувањето на брчките.

Користете очила

Потезите со лицето, како мижуркањето, ги оптоварува мускулите на лицето, формирајќи бразди под површината на кожата. Тие со текот на времето се претвораат во брчки.

Држете ги очите широко отворени, носете очила за читање, ако ви се потребни, или пак очила за заштита од сонце.

Заменете го кафето со какао

Какаото содржи високо ниво на два флавоноли (epicatchin and catechin) кои ја штитат кожата од сончеви изгореници, предизвикуваат подобра циркулација во клетките на кожата, ја хидратираат и прават кожата да изгледа помазна.

Не го мијте пречесто лицето

Премногу вода од чешма создава линии на вашето лице, бидејќи е природна бариера од маслата на кожата и природната влажност, која ја штити од брчки. Ако го миете пречесто ќе ја измиете заштитата. Освен ако вашиот сапун не содржи специјални хидратирачки состојки, користете гел за чистење на лице наместо сапун.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement