Мислите дека жените многу зборуваат, па вашата тајна ќе ја раскажат во наредните 5 минути? Новото истражување покажа дека ова не е вистина.
Истражувањето кое било спроведено на територијата на Велика Британија, а било направено меѓу 2000 испитаници, покажало дека мажите исто така не знаат да чуваат тајна и дека горат од желба сѐ да споделат со другарите.
На модерниот маж подобро ништо да не му кажувате “во доверба”, бидејќи вашата тајна кај него ќе остане неоткриена дури 2 часа и 40 минути.Жените пак, одолеваат на искушението дури 40 минути повеќе.
И покрај тоа, секој 10-ти испитаник во ова истражување признал дека ја открива тајната која му е доверена во наредните 10 минути. Но, ниту оваа статистика не ги спречува мажите за себе да се изјаснат дека луѓе од доверба. Дури 92% н нив така се изјасниле.
Најтешко чувани тајни во основа се неверствата на пријателите, аферите на работното место, покачување на плата, конфликт со полиција, тоа дека некоја девојка направила плсатична операција, финасиски проблеми на пријателите, импотенцијата…
Што е уште пострашно, за овие тајни дознаваат повеќемина од нивното опкружување – девојката или жената, пријатели, колеги од работа… Дури се случува тајната да ја споделат со сите пријатели на социјалните медиуми. Затоа, внимавајте…одредени работи најдобро е да ги задржите за себе!

You must be logged in to post a comment Login