Интересното истражување на порталот NetVoucherCodes.co.uk открива што мислат жените за тоа каков треба да биде господинот Вистински – колку треба да биде висок, каква боја на коса и очи треба да има, но и тоа колку треба да заработува. Може да се изненадите.
Група од 50 жени, помеѓу 20 и 35 години, го избраа својот идеален маж.
Доктори, банкари и адвокати не се популарни поради отсуството од домот и прекувремените работни часови. Имено жените велат дека поради иднината и децата треба добро да се одбере. Поради тоа преферираат професори кои имаат долги годишни одмори и помалку работни часови, се вели во истражувањето. Според тој критериум, господинот Вистински е висок 185 см, има смеѓа коса и смеѓи очи, професор е, има 31 година и заработува 70.000 евра годишно. Таков маж е материјал за мажење.
Кога е во прашање бојата на косата, испитаничките се согласиле дека е забавно да се излегува со плавокоси, но дека би сакале да се смират со маж со смеѓа коса.
Кариерата и приходите се на второ место на листата на приоритети, се разбира по физичкиот изглед. Некои испитанички навеле дека, колку и да звучи сурово, кога жената бара маж, мора да размислува на тоа колку тој ќе им овозможи на децата.
Гласноговорникот на веб страната NetVoucherCodes.co.uk, вели дека секоја жена има визија за тоа како треба нејзиниот иден маж да изгледа, но во потрагата по љубовта таа визија не мора да биде од помош.
“Колку повеќе критериуми жените поставуваат, толку ќе им биде потешко да го најдат совршениот маж. Би требало да се има некои очекувања и да знаете што сакате, но Вистинскиот може да биде личност што најмалку сте ја очекувале”.

You must be logged in to post a comment Login