Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

УТЕХА ЗА РАЗВЕДЕНИТЕ: Вториот брак е подобар од првиот

Секоја бракоразводна парница е тешка, а неретко и многу мачна за двете страни. Меѓутоа, ако еднаш сте згрешиле во изборот на правата личност, знајте дека следниот пат сигурно ќе биде подобро.

 razvod005

Доколку вашиот прв брак не бил таков каков што сте сонувале и сте го завршиле со развод, немате причина премногу да се грижите. Докажано е дека вториот брак е во многу работи подобар од првиот.

Низ тешкото љубовно искуство се стекнува зрелост и мудрост. Личностите кои стапуваат во втор брак се поотворени кон партнерот и имаат многу подобра и поздрава комуникација. Исто така, по разводот луѓето точно знаат што сакаат, а што не, од својот љубовен живот.

Ljubav005-670x445

Децата од првиот брак може да претставуваат потешкотија, бидејќи им е неопходно внимание и време, поради што гледањето со новите партнери мора внимателно да се планира. Ако сакате да најдете личност за втор брак, со поранешниот сопружник мора да испланирате слободни викенди, за да можат децата да поминуваат еден викенд со вас, а еден со другиот родител.

 porodica-670x446

Кога станува збор за караниците, кои се нормален аспект во секоја врска, веќе имате стекнато искуство и ќе знаете како на прав начин да ги решите проблемите. Сега знаете како би требало да и се обраќате на саканата личност, но и дека односот полн со почитување и разбирање е многу важна работа.

Вториот брак претставува можност да ги поправите сите грешки од минатото и да се потрудите никогаш повеќе да не ги повторите. Се што сте научиле од претходната сериозна врска ќе ви помогне за подобро да се поврзете со партнерот и уживате со тој што навистина се грижи за вас и вистински ве сака.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement