Сите ние барем еднаш сме биле на состанок и сме сакале да побегнеме, а многу сепак одлучиле да издржат до крај – од пристојност.
Очекувавте романтика, лептири во стомакот и состанок од соновите, а добивте нешто сосема друго? Ако било кога се најдете во ваква ситуација, ова се трикови за преживување на состанокот.
Размислете колку е лош
На скала од 1 до 10, дали навистина би му дале оценка за најлош состанок некогаш или пак можеби претерувате? Размислете што би можело да го направи состаноко полош и уживајте во тоа што барем тоа не се случува. Знаеме дека звучи контрапродуктивно, но не е – времето ќе ви помине побрзо, ако се занимавате со сценарија на лоши состаноци.
Дали е до него
Можеби е до активноста која сте ја одбрале за состанок. Понекогаш е тешко да дознаете во што е точно работата и кој е крив за тоа што состанокот е лош, но пробајте. Ако сте обрале активност како лизгање или куглање, запрашајте се дали е до него, или само тоа што сте таму е причина за лошиот состанок.
Пазите на неговите чувства
Можеби му е тешко, можеби е и свесен дека состанокот е лош, можеби не знае како да го направи подобар. Колку и да е состанокот лош, имајте на ум дека тој тешко дека го прави тоа намерно и сигурно целта не му е да во досадува. Дајте му шанса, потрудете се од лошиот состанок да направите нешто што барем ќе го издржите, и мислете малку на неговите чувства. Ако ништо друго ќе знаете барем дека сте се обиделе.

You must be logged in to post a comment Login