Веројатно сте слушнале до сега за кугуарки – жени кои уживаат во друштво на помлади мажи и кои преферираат да излагаат со “крцкалчиња”. Меѓутоа, во природата машко-женските односи се дека фраерите треба да бидат постари од жените, бидејќи тие треба на нив да бидат потпирач, подршка и секогаш во секоја ситуација да имаат решение или излез. А тоа сигурно не можете да го очекувате од некој кој има помалку искуства од вас. Па доколку покрај себе сакате мудра и зрела глава, побарајте поозбилен партнер. Еве неколку причини поради кои би требало тоа да го сторите.
Затоа што знае што сака таа
Животното искуство, покрај шармот и елоквентноста, со себе носи и љубовна зрелост. Мажот кој проживеал полно успони и падови во љубовта многу добро знае што сака од својата партнерка. Ако се заљуби, ќе направи се како би го провел со вас остатокот од својот живот. Кога искусен маж одлучи да се врзе, приоритет му постанувате вие, а не работата пријателите и забавата.
Затоа што ве разбира
Животното искуство со себе носи разбирање и толеранција. Мажот кој запознал голем број различни жени многу подобро го разбира нивното размислување, желби и потреби. Поради тоа, ако вас ве разбере кога сте нервозни, тажни или кога едноставно ви треба време само за себе, тогаш тоа ќе биде изграден маж кој поминал и сито и решето.
Затоа што ќе ве научи секакви работи
Мажот кој позади себе има животна приказна збогатена со работни предизвици, патувања, хобија и знаење има богато животно искуство кое, ако е заљубен, секако дека ќе го пренесе и на својата партнерка.

You must be logged in to post a comment Login