Ако немате конкретен пример за што би разговарале, подобро немојте ни да праќате вакви пораки. Ако не се јавува, највероатно има добра причина.
Жените и мажите имаат различни гледишта … за се. СМС пораките се посебна категорија во која никако не се слагаме, а ова се пораките од кои на машките им се крева косата на главата.
Мораме да разговараме
Ова е грозно. Повеќето мажи само ќе дојдат и ќе разговараат, без претходна најава. Кога ќе видат ваква порака, почнуваат да паничат затоа што не знаат за што станува збор, што многу ги нервира. Ако немате конкретен пример за што ќе разговарате, подобро немојте ни да праќате ваква порака.
Зашто не се јавуваш?
Ако не се јавува, најверојатно има добра причина. Или ве избегнува. Ако ве избегнува, порака во која го прашувате зашто ве избегнува нема никаква цел. Ако не се јавува поради некои разумни причини (го оставил мобилниот дома, му се испразнила батеријата), вашата порака во која го напаѓате поради тоа нема да остави добар впечаток.
Сакаш ли да ги запознаеш моите родители за викенд?
Ова дефинитивно не е материјал за на СМС порака. Ипознавање со нечии родители е голема работа и не се договара преку пораки – краток разговор очи во очи е многу подобар.
Што правиш?
Ок, ова не е порака од пеколот, но повеќето мажи барем малку ги живцира. Тој најверојатно не сака да одговори на таква порака, но знае дека ќе се налутите ако ве игнорира, па со сила ке почне да ви пишува, а тоа го нервира. Подобро прашајте го што носи на себе, па нека биде забавно.

You must be logged in to post a comment Login