Постојат работи кои мажите ги прават за вас со цел да ве воодушеват, но постојат и оние работи кои ги прават, а ние ретко ги приметуваме. Прочитајте кои се тие работи.
- Иако во вашиот стан е малку топло, тој никогаш нема да го признае тоа, туку ќе се поти и ќе истрпи.
- Иако тој го прави тоа несвесно, редовно ќе се мота околу вашата електроника. Да ви намести на телефонот некои опции кои до сега не сте ги ни имале.
- Кога за некој познат маж ќе кажете дека е згоден, вашиот драг наместо да се налути ќе ги преврти очите и ќе се прави како тоа да не сте го ни рекле.
- Мажите не сакаат да пишуваат пораки, но ако ви напишал порака тоа го направил само затоа што знае дека тоа вие го сакате.
- Мажите не сакаат да спојуваат луѓе. Но ако ве поддржува во вашата одлука да споите некоја другарка со негов другар, тогаш бидете сигурни дека вие сте му важна.

You must be logged in to post a comment Login