Едно мало истражување открива неколку работи кои неописливо ги иритираат мажите,им создаваат одбивност во врскатаи одлучуваат да ѝ стават крај.
Прочитајте кои причини ги откриваат мажите…
1. Драма
“Кога станува збор за реални проблеми тука сме, но правење драма дека не сме се јавиле баш тогаш кога сме рекле ќе направи да ѝставимекрајнаврската, бездаразмислимедвапати”.
2. Посесивност
“Грижата е една работа, малата љубомора е друга, ама шпиунирање на Facebook-от или мобилниот и константните прашања кај си и со кој си е нешто сосема трето. Сакаме кога се грижат, бидејќи така сме сигурни дека сме им важни. Малата љубомора дури е и симпатична, но ова третово е доказ дека не или не ми верува или се обидува да ме контролира. Е тоа е неподносливо.”
3. Наметнување
“Жените ја сакаат приватноста, но мажите уште повеќе. Секако, секој од нас има различна перцепција за наметнување. Некому гледањето три пати неделно му делува како наметнување, но за нас наметнување е кога девојката сака да биде со нас по цели денови, а тогаш кога не сме заедно да ѕврцка на телефон секој пола саат.”
4. Минатото
“Живеењето во минатото не може да ѝдонеседобронановатаврска. Важно ни е минатото, но не во детали. Особено не нѐ интересира ништо за бившите партнери. Напротив, тоа многу нѐ нервира.”
5. Моќ
“Опсесијата кој е “мажот” во врската е тотално непотрбна, бидејќи и тоа е една од причините кои го нарушуваат односот меѓу партнерите. Особено ако жената инсистира да биде главна. Секоја врска е компромис и нема потреба некој да биде главен.”

You must be logged in to post a comment Login